Историја на фармерките
Фармерки, најпознатата облека на планетава, која никогаш не излегува од мода, а предност им дава и фактот дека можат да се комбинираат подеднакво успешно со елегантен и лежерен стил. Затоа фармерките можете да ги носите за излегување, шетање, излети, па дури и на работа. Зависно од расположението, во нив можете да изгледате откачено, секси, елегантно или спортски. Последниве две децении начинот на облекување, се помалку е одраз на личниот стил, а се повеќе диктат на големите модни комапании чиј интерес е трендовите што побргу да се менуваат. Но, првпат во историјата на модата, тексас платното и фармерките се дел од високата мода, а не облека на работниците, трагачите по злато, моторџиите и фармерите. Фармерките одамна престанаа да бидат само американска национална гордост, туку светски тренд и опсесија.
Името на човетко кој ги измислил фармерките е Леви Штраус. Штраус е роден во Германија во 1829 година, но на многу млади години заминал да живее во САД. Најпрво живеел во Њујорк, но во 1853 година заминал во Сан Франциско, каде работел заедно со брат му. Двајцата браќа работеле во продавница за облека за мажи, особено наменета за оние кои биле дел од тогаш познатата „златна треска“. Овие луѓе работеле во многу тешки услови и поради тоа им требале панаталони од некој многу цврст материјал. Штраус е првиот човек кој започнал да произведува пантолони од цврст материјал. Подоцна Штраус на панотолоните им додал метални копчиња за да ги направи уште поиздржливи, од тој момент цврстите панталони на Штраус станеале популарни. На почетокот на 20 век само работниците носеле фармерки на работните места. Но по Втората светска војна тинејџерите и студентите започнале да ги носат за излегување.
Денес фармерки, јакни, сукни, кратки пантолони, може да се видат и по ексклузивните бутици и на големите светски креатори. Се разбира видно модифициран со иновативни украси, нитни, светликав, шарен, везен, со апликации, тексасот повеќе од очигледно е изменет од моментот кога се појавил. Никогаш не било важно дали се носи со патики, кондури, чизми, балетанки или штикли од 12 сантиметри, дали е комбиниран со маица или свилена кошула, за дневна или ноќна шема. Совршен е! Посетете ги нашите продавници и одберете го оној модел што најмногу ви се допаѓа.